13 загинати во поплавите на Филипини

Сподели со своите пријатели

Тринаесет лица загинаа во поплавите предизвикани од обилните дождови што на Божиќ го зафатија јужниот дел на Филипините, соопштија денеска властите.

Loading...

Потрагата по 23 лица сѐ уште е во тек, а нивото на водата почна да опаѓа, јавува Ројтерс.

Силниот дожд ги прекина божиќните прослави и принуди повеќе од 45.000 луѓе да се засолнат во центрите за евакуација, соопшти агенцијата за вонредни состојби.

Сликите на социјалните мрежи покажуваат дека членовите на крајбрежната стража, полицијата и пожарникарите поминуваат низ вода до половината и носат граѓани.

Спасувачките операции продолжија, а се проценуваат штетите во земјоделството.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Човековите права најзагрозени во последните неколку децении