13 доенчиња лани починале во Куманово

Сподели со своите пријатели

Осуманесет донечиња, од кои пет машки, починале на територијата на Општина Куманово во текот на 2017.година, а вкупно 26 во целиот Североисточен регион, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Вкупниот број на починати во текот на изминатата година во Куманово изнесува 1.024, од нив 302 починале во здравствена установа, а само три лица не биле лекувани пред смртта.

Високо ниво на морталитет бележи и Општина Крива Паланка, каде лани починале 186 лица, од кои 2 доенчиња. Шеесет од регистрираните случаи, спорт ДЗС починале во здравствените установи.

Осум доенчиња починале на подрачјето на Липково, каде вкупниот број на починати лани достигнал бројка од 176.

Во Општина Кратово регистрирани се 113 смртни случаи, меѓу кои и на две бебиња. Во руралната општина Старо Нагоричане минатата година нема починати донечиња, а вкупниот број на починати изнесува 78.

Најмалку починати лица во Североистокот во 2017. година, биле регистрирани во Општина Ранковце, 57, од кои само петмина не биле лекувани претходно. Според Државниот завод за статистика, во оваа општина починало едно доенче.

Во целиот Североисток лани починале 1.634 лица, од кои 26 доенчиња. Пред смртта лекувани биле сите бебиња, односно вкупно 1.618 од починатите.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Македонија бројот на умрените лица е намален  за 0.5 % во однос на претходната година и изнесува 20 318 умрени лица. Поголем број се од машки пол, и тоа 10 554 или 51.9 % од вкупно умрените лица. Бројот на умрените доенчиња изнесува 201, а нивното учество во вкупниот број умрени лица изнесува 1.0 % на 100 умрени лица.

Според месецот на смртта, најголем број случаи, 2 681, се забележани во месец јануари.

Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 71.1 година, односно 75.3 години кај лицата од женски пол или за 4.2 години повисока просечна возраст се бележи кај жените.

Како и во минатите години, најголемо учество имаат умрените лица од болести на циркулаторниот систем, според МКБ-10 (шифра I00-I99), и тоа во 55.0 % случаи од вкупно умрените, па потоа се случаите кај кои како причина за  смртта се јавуваат неоплазмите (шифра C00-D48), и тоа во 18.3 %, па со 4.8 % се застапени случаите кај кои причина за смртта се ендокрините, нутритивните и метаболичните болести (шифра Е00-Е90), а случаите кај кои причина за  смртта се болестите на респираторниот систем (шифра Ј00-Ј99) се застапени со 4.2 % од вкупно умрените лица.

Leave a Reply