12 казни за неносење маска вчера во Куманово

Сподели со своите пријатели

Вкупно 12 казни за неносење заштитна маска на лицето вчера напишала полицијата во Куманово.

Loading...

– Во текот на изминатото деноноќие (12.10/13.10.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 12 лица не ја почитувале, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Сите 12 издадени прекршочни налози, биле на подрачјето на Куманово.

Против нив, како што појаснуваат од кумановската полиција, се поднесени соодветни поднесоци.

Никола Ивановски