114 санкционирани возачи за непрописно престигнување

Сподели со своите пријатели

Во текот на вчерашниот ден (17.09.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 114 возачи.

Loading...

Од нив, 51 на територијата на СВР Тетово, а 20 непрописно престигнувале на територијата на СВР Штип.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информираат од МВР.