11 совети кои ќе ви помогнат да слабеете

Сподели со своите пријатели

Вежбите играат важна улога во процесот на слабеење, храната исто така! Затоа, ако сакате да постигнете резултати и да ги задржите не е доволно само да се убиете од вежбање во салата.

Гладот и строгите диети, исто така нема да ви ја задржат формата за долго. Потребно е да го промените целиот свој начин на живот и иако пеколот ви звучи многу страшен, всушност не е така. Само следете ги следните совети секој ден!

Променете го начинот на размислување

Кога ќе си кажете дека некоја храна е забранета, вашиот мозок веднаш почнува да копнее токму за неа. Колку време може да издржите на искушението? Престанете да мислите за забраните и жртвите, туку однесувајте се така, како сè да ви е дозволено.

Обложете се на “чистата” храна

Заменете ги преработените производи со суровини. Тие не само што се похранливи и корисни, туку и често повкусни.

Инсистирајте на цели зрна

Богатите производи со влакна ве држат сити, ја помагаат перисталтиката и се од голема помош при слабеењето.

 

Loading...

 

Јогуртот ви е најдобриот пријател

Кога ќе огладнете поткаснете од него, а исто така користете го наместо крем при разни сосови.

Јадете јаглехидрати наутро

Тие се важни за телото, бидејќи му ја обезбедуваат потребната енергија. Не ги исклучувајте од менито, но консумирајте ги главно наутро.

Јадете салата паметно

Без да сфаќате проголтувате многу калории од сосот кон своите салати. Заменете го маслото со маслиново масло, крем со јогурт, а ако додадете и луто, ќе го забрзате вашиот метаболизам.

Крај со пржењето

Не само што го забавува варењето, но и е многу мрсно и калорично. Печете, варете и динстајте!

 

 

Исклучете газирани пијалаци

И тоа е извор на многу калории и хемикалии и конзерванси.

Пијте кафе и чај без шеќер

Заменете ги со мед или друг засладувач.

Гответе по една порција

Така нема да сте во искушение да се прејадете.

Малку глад не штети

Никогаш не станувајте од масата целосно најадени. Јадете полека, за да има време стомакот да ја обработи храната и да испрати сигнал до мозокот дека сте сити. Доволно е да го изгаснете гладот, но да почувствувате дека во стомакот има место и за уште нешто.

Leave a Reply