11 сантиметри снежна покривка во Куманово

Сподели со своите пријатели

Единаесет сантиметри снег вчера паднале во Куманово, покажуваат мерните податоци на Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Најмногу снег има во Битола 55 сантиметри, 47 Крушево, 45 Тополчани, 40 Маврови Анови, 39 Ѓуриште, 37 Лазарополе, 32 Попова Шапка, 31 Пожаране, 30 Прилеп, Дебар, 23 Скопје Петровец, 19 Скопје Зајчев Рид, 18 Тетово, Берово, 14 Претор, 11 Охрид, Куманово, 10 Виница, 9 Штип, 6 Д.Капија, 4 К.Паланка, 1 Струмица.

Утринава најстудено било на Маврово со седум степени под нулата, додека Куманово се разбуди на -4.

Во текот на ноќта времето беше облачно со врнежи од снег, кои во втората половина од ноќта во западните и северните делови престанаа.

Изутринава врнежи од снег има во источните делови. Дува слаб до умерен, а на повисоките места повремено засилен ветер од северен правец.

Според УХМР, претпладне времето ќе биде променливо облачно, во источните делови со повремени врнежи од снег.

Во текот на денот облачноста ќе се намалува и ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9 степени.

Loading...

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб северен ветер, а максималната дневна температура ќе изнесува 8 степени. Во текот на ноќта истата ќе се спушти до -4.

Утре во кумановско ќе имаме слично време на денешното, со максимална дневна температура од девет степени целзиусови.

Никола Ивановски

Leave a Reply