09.07.2019 11:41

11 опасни родителски навики! Дали и вие ова го правите?


Опасен модел на однесување на родителите понекогаш и несвесно им штети на децата, и покрај добрите намери. Еве кои грешки не би требало да ги повторувате, затоа што можат сериозно да наштетат на емотивниот развој на детето.

Не разговарате со децата, туку им се обраќате

loading...

Токсичните родители не слушаат што децата имаат да кажат, туку им велат „како?“ „зошто?“ нешто би „трабало да“… Ова е многу лош образец на комуникација, затоа што кога детето ќе порасне доволно за да сфати дека не го слушате што ви зборува, едностано ќе престане да ви зборува било што, а тоа ниту еден родител не го посакува, пишува „Reader’s Digest“.

Преовладува негативниот став

Ниту едно дете не е секогаш послушно, токму како што ниту еден родител не е совршен. Но, многу често поголем проблем е негативниот став кој родителите го имаат, отколку самото однесување на детето. Наместо да помислите дека денеска се однесува како разгалено детиште, обидете се да размислите зошто вашето инаку добро, послушно дете е такво во тој момент. Можеби е само уморно? Можеби има вирус? Децата многу ретко изведуваат некои работи „туку така“.

Не ги решавате своите проблеми

Не би требало децата да патат поради вашата нервоза или стрест на работа. Ако детето едвај чека да дојдете од работа за да се игра со вас, „пушти ја мама уморна е“ не е најсреќното решение. Наместо тоа, понудете му на детето некоја ирна забава, цртање или читање. Децата многу бргу растат, еден ден ќе ви биде жал што не сте се играле со нив додека биле мали.

Јасно ставете му на знаење дека не ви се допаѓаат неговите другари

Од детска перспектива, кога ги критикувате неговите другари, како да ги критикувате и нив, особено во тинејџерските години. Бирајте ги зборовите и запознајте ги тие деца. Ако вашето дете се дружи со нив, значи дека имаат и убави особини.

Му лепите „етикети“ на детето

loading...

Не велете дека детето е мрзеливо, разгалено и себично. Децата така градат негативен идентитет кој подоцна може да им донесе многу болка. Секогаш потрудете се да го критикувате однесувањето, а не детето. Едно е „глипо е тоа што си го сторил“, а „како можеш да бидеш толку глупав“ е сосема поинакво.

Ги споредувате со другите деца

Никогаш детето не го спроедувајте со браќата, сестрите или со другарите. Ни во добар ниту во лош контекст, подеднакво е штетно.

Често изговарате „ти секогаш“ или „ти никогаш“

Ако сакате детето да промени нешто во однесувањето, седете и разговарајте со нив за тоа. Помогнете му да најде начин да напредува, наместо со вакви изјави да го наведувате да се помири со тоа дека никогаш нема да биде доволно добро и дека не вреди ниту да се труди за нешто.

Премногу се критикувате себе си пред нив

Не е добро децата да растат слушајќи ја мама како за себе вели дека е дебела или остарена, или дека таткото е неспособен. Децата го впиваат однесувањето на родителите и со тоа не им давате добар пример, туку ги изложувате на сериозен ризик од недостаток на самопочитување или самодоверба подоцна во текот на животот.

Сакате да бидете пријател на своите деца.

Мама и тато се мама и тато и никогаш не можат, ниту треба да бидат најдобри пријатели на своите деца. Никој нема да ги сака како вие, никој нема д аим посака добро како вие, но вие не треба да им бидете пријатели. Улогите на родител и дете мора да бидат јасно одредени, за да израсне во стабилна, ментално здрава и ворамнотежнете состојба.

Не дозволувате децата да бидат независни

loading...

Ако секогаш правите нешто немаесто детето, ако не му дозолувате да се осамостои, го спречувате природниот емоционален и психолошки развој на детето. На одредена возраст, децата мора да научат да се грижат за себе, и ако сакаат добро на своето дете, тоа ќе го охрабрувате.

Однесувањето на детето ќе го сфатат лично

Вие во односот сте возразната и зрела личност и како такви би требало да знаете дека децата, особено во тинејџерските години, не смеат да бидат груби и непристоји. Но, и тој тинејџер кој ви кажал дека ве „мрази“ у ги треснал вратите на својата соба, ќе зажали неколку години подоцна и многу е важно вие тогаш да не се лутите. И поради детето и поради вас самите.

Image by Tawny van Breda from Pixabay


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments