101-годишен Турчин прими четврта доза вакцина против коронавирусот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Галип Узунџа (101), пензиониран лекар од Бурса во Турција, ја примил четвртата доза од вакцината против Ковид.

Loading...

Од Здравствената канцеларија во Бурса соопштија дека во рамките на борбата против пандемијата функционираат и мобилни тимови кои овозможуваат вакцинација на старите и другите кои не можат да дојдат на местото за вакцинација.

Узунџа, кој работел во здравството повеќе од 50 години, минатата недела испратил писмо за вакцинација, а во неговиот дом го посетила мобилна екипа, меѓу кои бил и директорот на здравствената канцеларија во Бурса.

Директорот на Управата за здравство ги повикал и останатите граѓани, особено младите да се вакцинираат и да го следат овој пример.