100.000 денари Куманово ќе им додели на семејствата на трагично загинатите во тетовската болница

Сподели со своите пријатели

Советот на Општина Куманово денеска изгласа одлука со која ќе се доделат 100.000 денари помош на семејствата на трагично загинатите во пожарот во модуларната ковид болница во Тетово.

Loading...

Одлуката беше едногласно изгласана на денешната 61ва седница на Советот.

Како што вели советничката Ивана Николиќ од СДСМ, ова нема да ја намали загубата на семејствата, но е мал гест дека граѓаните на Куманово сочувствуваат со нив во овие тешки моменти.

– Длабоко сочувствуваме со овие семејства и знаеме дека нивната загуба не може да ја надомести ништо, ова е само еден мал гест со кој сакаме да им покажеме дека сме со нив во овие тешки моменти. Во случај да постои законска пречка за исплата на оваа финсиска помош која ја донесовме денеска како одлука, парите ќе бидат исплатени по локалните избори, изјави Николиќ.

 

 

Ист став сподели и советничката Анета Шандева Доневска од ВМРО-ДПМНЕ, која изрази надеж дека никогаш повеќе нема да има потреба да се носат вакви одлуки. Апелираше надлежните да направат ревизија за да не се повтори Тетово никогаш.

Loading...

– Ова е нешто најважно и надлежните органи навистина да смогнат сили и да направат некој тип на ревизија за да не дај Боже да не ни се повтори Тетово. Мојот личен апел и на мојата советничка група никогаш вакво нешто да не се случи на никој, дај Боже да заврши што поскоро пандемијата и тие модуларни болници час поскоро да бидат отстранети од сите градови во нашата Република Македонија, изјави Шандева Доневска.

 

 

Како што посочија советниците, ако постои законска пречка поради распишаните избори, финансиската помош ќе биде исплатена веднаш по нивното завршување.

Никола Ивановски