10 ученици и еден вработен позитивни во кумановските училишта

Сподели со своите пријатели

Десет ученици и еден вработен од повеќе основни и средни училишта во Куманово се позитивни на корона вирусот, информираат денеска од Секторот за образование при Општина Куманово.

Loading...

– Ве известуваме дека на ден 20.09.2021 година (понеделник) од страна на основните и средните општински училишта, до Секторот за образование се пријавени вкупно 1 вработен во училиште инфициран со Ковид 19 вирусот и вкупно 10 ученици од повеќе училишта, стои во соопштението.

Од почетокот на учебната година заклучно со ден 20.09.2021 година (понеделник) од страна на основните и средните општински училишта, до Секторот за образование се пријавени вкупно 17 вработени во училишта инфицирани со Ковид-19 вирусот и вкупно 76 ученици од повеќе училишта.

Никола Ивановски