10 изуми кои засекогаш ги променија нашите животи

Сподели со своите пријатели

Сè започнало кога некој од нашите предци им нашол примена на стаповите. Потоа било измислено тркалото, печатарството, парниот мотор, струјата, a денес пак живееме во дигитален свет. Овие изуми ќе ги пронајдете во речиси секоја книга по историја, но изумите на листава, иако не им даваме големо значење, се оние кои најмногу го промениле нашиот живот.

Loading...

1. Баркодови

Овие едноставни линии го променија начинот на купување. Иако баркодот не му кажува ништо на купувачот, тој е од голема важност и се наоѓа на речиси секој производ во продавниците. Некои компании се покреативни и ги користат баркодовите за да го подобрат изгледот на нивниот производ.

2. Пејсмејкер

Оваа мала, но многу важна медицинска направа го одржува ритамот на срцето кога природниот пејсмејкер не функционира правилно. Најновите модели се големи колку една пилула, па може да бидат поставувани и без операција.

3. Виолетов анилин

Оваа боја е случајно создадена од еден студент кој се обидувал да синтетизира кинин. Наместо тоа, тој ја создал првата синтетичка органска хемиска боја. Оттогаш се создадени многу, но токму оваа боја започна револуција во светот на материјалите и модата.

4. Тефлон

Loading...

Изумот на овој материјал не само што бил важно научно откритие, туку целосно го променил кулинарството. Нелепливите тави обложени со тефлон денес се наоѓаат во секоја кујна.

5. Канализација

Пред постоењето на канализацијата, хигиенските услови биле далеку од задоволителни. Во средновековните замоци тоалетите биле мали соби со дупка во подот, а целиот отпад бил исфрлан веднаш околу ѕидовите на замокот. Миризбата не била воопшто пријатна. Канализацијата и водоводот значително ги подобриле здравјето и хигиената.

6. Вулканизирана гума

Модерниот процес на вулканизација не постоел до 19-тиот век, и бил развиен од Чарлс Гудиар. Денес многу работи се направени од вулканизирана гума, вклучувајќи ѓонови за чевли, црева, а најмногу се користи за автомобилски гуми.

7. Заштитно стакло

Заштитно стакло е име за неколку видови стакло. Некои видови почесто се користат во ентериерот, додека други се користат во градежништвото. Навистина е речиси невозможно да си го замислиме животот без овој изум.

8. Бетон

Loading...

Речиси 2.000 години по изградбата, куполата на Пантеон во Рим е најголемата бетонска купола во светот. Првите конструкции од бетон биле изградени во Средниот Исток пред илјадници години. Со подобрување на неговиот состав, бетонот станал еден од најкористените материјали.

9. Велкро

Велкро лепенките се составени од 2 дела – една лента со мали куки и една „побушава“ лента со уште помали куки. Овие лепенки станале ценети од многумина. Ги користат возрасни, деца, па дури и астронаутите од НАСА.

10. Нерѓосувачки челик

Се верува дека сапунот од нерѓосувачки челик може да ги неутрализира, или целосно да ги отстрани миризбите како оние од лук или риба. Иако нема никакви научни докази за ова, нерѓосувачкиот челик си има друга примена, и тоа во многу области. Тој е материјал кој се користи од прибор за готвење, до градежништвото.

Leave a Reply