Ѝ рекле дека бебето и починало на породување, по 29 години добила мејл кој сменил се (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Тина Бехарано (47) од Лос Банос, Калифорнија, родила ќерка кога имала 17 години, но набргу по раѓањето ѝ било кажано дека нејзиното бебе починало. Три децении подоцна, таа дозна дека нејзината мајка и лекарите ја излажале.

Loading...

Веднаш откако ја извадиле од просторијата за породување, нејзината мајка ѝ рекла дека нема да може да го држи бебето, а потоа ѝ рекла дека бебето починало.

Пред 70 години ја дала ќерката на посвојување, а сега конечно ја запозна (ВИДЕО)

„Таа ми рече дека бебето е болно и починало 15 минути по раѓањето“, раскажува Тина.

После неколку месеци, таа се омажила за Ерик Гардере, кој не бил татко на тоа бебе.

Иако со него имала пет деца, Тина никогаш не престанала да размислува за тоа девојче и го одбележувала нејзиниот роденден.

„Тешко беше секоја година. Бев депресивна, плачев цело време“, вели Тина.

Loading...

Со години го барала биолошкото семејство, за да вистината ја дознае кај сосетката (ВИДЕО)

На предлог на нејзината ќерка, таа направила ДНК-тест и го закачила на голем американски регистар на ДНК, во кој прикачуваат луѓе од целиот свет. Минатата година, таа добила е-пошта за поради тој чекор.

„Мислам дека треба да разговараме. Тие велат дека сме поврзани и вие сте мајка ми“, пишувало во мејлот.

Се испоставило дека тоа е нејизното одамна загубено дете.

Кристин Кук, денес има 29 години и таа веќе не е девојче. Кристин решила да го смени полот и сега живее со сопругот и бебето во Њу Џерси. Така Тина дознала дека има син.

Била украдена како бебе, а по 34 години повторно се сретна со семејството (видео)

„Не ми е грижа. Не ми е гајле што е во фаза на транзиција. Не ми е грижа. Тоа е мое дете“, вели Бехаран.

„За нас е само важно дека е жив“, додава сопругот на Тина, Ерик Гардере.

Loading...

Кристин ја посвоило семејство од Лас Вегас пет дена откако се родила. Тој не знаел колку неговата биолошка мајка мислела на него.

„Кога го гледам, тој ме прави да плачам. Тој ни ги испраќа своите и фотографии од неговото бебе скоро секој ден”, вели Тина, а нејзиниот сопруг додава дека тие биле во контакт неколку месеци.

Двете семејства ќе се видат едни со други кон крајот на ноември кога тричлено семејство ги посетува Тина и Ерик во Калифорнија.

https://www.facebook.com/MarieEdingerNews/videos/1194761510716695/

Leave a Reply