Зошто треба да ја миеме конзервата сардина пред да ја отвориме?

Сподели со своите пријатели

Поголемиот дел од солите кои ги внесуваме во организмот доаѓаат од лебот и преработената храна, а особено полуготовата или конзервирана.

За да се намали внесувањето на солта, конзервираната храна пред готвење измијте ја. Измијте под млад студена вода па дури тогаш подготвувајете го јадењето. Освен внатрешноста на конзервата важно е да го измиете и надворешниот дел. Никако не заборавете и отворачот да го измиете по користењето.

Замислете го само патот кој го минале од фабриките и камионите до складиштата. Минале низ различни раце кои ги ставале на полици, а колку купувачи ги допреле за да им го видат составок. Можеби некој и паднала на подот.

При отворањето на капакот бактериите лесно влегуваат во храната, а за да тоа го спречите измијте ја конзервата и избришете пред употреба. Тоа важи и за лименките пиво или сокови, а ако не сте во можност да ги миете употребете антибактериски влажни марамици.

Оштетените конзерви подобро е да не ги користите затоа што постои поголема опасност од преминување на хемикалиите кои се во составот на заштитниот слој на конзервата, т.н. бисфенол А во храната. Нивното штетно делување влијае на хормонската рамнотежа.

Во домаќинствата конзервираната храна е најчест извор се ботулизам, труење опасно по животот предизвикано од бактеријата Clostridium botulinum. Еден од знаците за присуство на оваа бактерија може да бидат подуени конзерви кои шуштат при отворање. Дури и само да вдишат плин или мало количество храна на рацете може да биде опасно, затоа конзервите подобро е да не ги користите.

По отварањето храната задолжително префрлете ја во стаклена или пастична чинија и чувајте ја во фрижидерот.

Leave a Reply