Зошто седиштето секогаш треба да е исправено кога авионот слетува и полетува?

Сподели со своите пријатели

Како и за поголемиот дел од работите кои мора да се направат за време на летање со авион и кај управувањето со седуштети при полетување и слетување постои добра причина, а тоа секако е поврзано со безбедноста на патниците.

Во случај на опасност, спуштеното седиште би можело да ја успори евакуацијата на патници, бидејќи на луѓето кои седат одзади им го ограничува маневарскиот простор.

Таквата безбедносна политика е воведена кога статистички е потврдено дека 45 отсто од несреќите со фатални последици се случиле при полетување и слетување на авионите.

Уште една, помалку збунувачка процедура е оставањето на ролетните кренати при слетување и полетување.

Причината за тоа е што кога ќе се изгаснат светлата за полетување и слетување, кренатите ролетни дозволуваат природното светло да влегува во кабината, а тоа на патниците им овозможува, во случај на евакуација подобро да се ориентираат.