Зошто Белгија ги повика граѓаните да се откажат од алкохол во февруари?

Сподели со своите пријатели

Во Белгија е започната кампања со која граѓаните се повикуваат да се откажат од алкохолот цел февруари.

Иницијативата под името „Tournée Minérale“ која ја започнал Фондот за борба против рак и стручниот центар VAD за алкохол и дрога, ја поддржале и одредени ресторани кои нудат специјални безалкохолни коктели.

Истражувањето кое било направено од Универзитетот во Гент покажало дека лицата кои учествувале во кампањата минатиот февруари пиеле помалку алкохол во останатиот дел од годината.

Околу 120.000 луѓе се пријавиле за учество во кампањата. Учесниците рекле дека дефинитивно пиеле помалку откако месец дена се откажале од алкохолот.

Како е наведнео, луѓето кои секојдневно пиеле и обично конзумирале 10 или повеќе алкохолни пијалаци неделно рекле дека помалку пиеле по кампањата и бројот на пијалаци го намалиле на осум неделно.

VAD оценува дека луѓето забележале предност во намалувањето на конзумацијата на алкохолни пијалаци.

– Велат дека пијат од навика, без размислување, како на пример кога гледаат телевизија или готват. За време на „Tournée Minérale“ морале да ги испитаат тие навики и да размислат за употребата на алкохолот, било кажано од стручниот центар VAD.

Акцијата ќе се одржи во февруари 2018 година и досега се пријавиле скоро 2.500 луѓе.