Зоран Заев вечерва на трибина во НУЦК „Трајко Прокопиев“

Сподели со своите пријатели

Лидерот на Социјалдемократскиот сојуз и првиот човек на опозицијата вечерва ќе присуствува на трбина во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ каде во 19:30 часот ќе се обрати пред кумановската јавност.

Инаку во текот на денот ќе започне големиот проект на опозицијата „Од врата до врата“ каде членовите на СДСМ ќе се среќаваат со граѓаните на Куманово при што во наредниот период ќе посетат над 20 илјади домаќинства на територијата на градот.

Целта на проектот е да се презентираат најважните теми од програмата на СДСМ заедно со нивните решенија и одредби.