Зоран Ѓорѓиевски ги отфрли шпекулациите за кандидатура за градоначалник на Куманово

Сподели со своите пријатели

Актуелниот пратеник во Собранието на Република Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Ѓорѓиевски вели дека не поднел кандидатура за градоначалник на Општина Куманово, иако во јавноста кружат информации дека е едно од најсигурните имиња во партијата.

Сеуште траат анализите по прашањето на кандидати за градоначалник за сите градови во Република Македонија, така да со избор на кандидати ќе почекаме и кандидатот кој ќе го одбере претседателството на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде кандидат на партијата на ВМРО-ДМПНЕ и коалицијата за град Куманово – вели Ѓорѓиевски.

Во политичките кругови сепак се шпекулира дека еден од кандидатите на партијата е и директорот на „Водостопанство“, Филип Филиповски, но и директорот на подрачното одделение на Централниот регистар, Игор Божиновски.

Сепак, крајната одлука ќе ја има раководството на партијата до крајот на летото.

Во таборот на СДСМ, копјата се кршат околу Зоран Дамјановски, Максим Димитриевски, Љубиша Николиќ и Александар Арсиќ.