Зоран Дамјановски: Ова е најцрната точка во независна Македонија

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски вечерва е гостин во отвореното студио на Телевизија 24 каде истакна дека овој настан е најцрната точка во независна Македонија.

Ова што го видовме денеска, насилно влегување и кршење е невидено. Една летаргија кон МВР, во однос на обезбедувањето, тоа мислам дека е организирана работа и за оваа работа сметам дека сите тие треба да сносат политичка одговорност. Апсолутно се политички овие работи, свесен сум на многу настани, меѓу кои и 24ти декември, како тогаш реагираше полицијата и како денес. Мислам дека ова е оркестрирана работа, наше предвидување е дека имаме оперативен план да го заштитиме законодавниот дом се покажаа како неточни, без никакво внатрешно и надворешно обезбедување укажува дека ова е синхдонизиран акција, по завршување на оваа драма треба да сносат одговнорст сите лица задолжени за обезбедување – рече Дамјановски.

Инаку официјално засега во државната болница во Скопје биле примени седум лица со повреди здобиени од случувањата во Собранието.

Илјадници граѓани се пред собранието на Репубика Македонија, каде првите лица на иницијативата „За заедничка Македонија“ преку мегафон ги повикале протестантите да ги блокираат и споредните влезови на зградата за да не дозволат изнесување на повредените пратеници. Веднаш по разгласот присутните пред зградата се упатија кон споредните влезови и ја послушаа пораката од предводниците на протестот.