ЗОИ 2018: Милер стана најстариот олимписки шампион во алпско скијање

Сподели со своите пријатели

Швеѓанецот Андре Милер (35) ја освои титулата во слалом во ски-алпските дисциплини на игрите на Пјонгчанг. Тој триумфираше со вкупно време од двете серии 1:38.99 минути и стана најстариот олимписки шампион во историјата на алпското скијање.

Швеѓанецот, освојувач на бронзен медал во слалом од Ванкувер 2010, беше втор по првата трка со 47.93 секунди, но лидерот во неа, Хенрик Кристоферсен од Норвешка (47.72 секунди) направи грешка уште во почетокот на своето второ спуштање, откако пропушти врата и не заврши.

Големиот фаворит Марсел Хиршер (Австрија), олимписки првак во Пјонгчанг во комбинација и во велеслалом, пак отпадна по првиот спуст, од што искористија Рамон Ценхојзерн од Швајцарија и Михаел Мат од Австрија, кои го комплетираа подиумот. Ценхојзерн (25), кој има само една победа во кариерата за Светскиот куп во градската трка во Стокхолм во оваа сезона, беше деветти во првиот спуст, но со солидно возење во вториот се искачи до второто место и го заслужи среброто со заостанување од 34 стотинки од вториот по Милер.

Михаел Мат, помал брат на олимпискиот шампион во слалом од Сочи 2014 Марио Мат, пак, беше најбрз во втората серија и напредуваше од 12-та на третата позиција за да се закити со бронза. Французите Клеман Ноел, Алекси Пинтуро и Виктор Муфа-Жанде ги додаваат топ шест откако шестиот Муфа-Жанде остана само на девет стотинки од место на подиумот.

Ски-алпски дисциплини, слалом, мажи:

1. Андре Милер (Шведска) – 1:38.99 минути (47.93 секунди во првиот спуст и 51.06 секунди во вториот)

2. Рамон Ценхојзерн (Швајцарија) – 1: 39.33 (48.66 и 50.67)

3. Михаел Мет (Австрија) – 1: 39.66 (49.00 и 50.66)

4. Клемен Ноел (Франција) – 1: 39.70 (48.58 и 51.12)

5. Алекси Пинтуро (Франција) – 1: 39.72 (48.54 и 51.18)

6. Виктор Муфа-Жанде (Франција) – 1: 39.75 (48.34 и 51.41).

Leave a Reply