Златен накит и делови за машина запленети на ГП Табановце (фото)

Сподели со своите пријатели

Златен накит и авто делови изминатата недела паднаа во рацете на Царинската управа на Република Македонија на Граничниот прмин Табановце во два одвоени случаи.

Вкупно 0,145 kg стар женски златен накит (прстени, ланчиња, обетки и нараквици) бил откриен од страна на мобилните царински тимови, при личен претрес на српски државјанин, кој како пешак се пријавил за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавениот златен накит, пронајден во виолетов несесер сместен во црна торба, која на себе околу половината ја носел српскиот државјанин, е привремено задржан, а против ова лице е поднесено барање за поведување на прекршочна постапка.

Еден сет конусен запчаник со лежечи лагер за машина за дупчење на земја и 2 репарирани глави за машина за дупчење земја, откриени при контрола на патничко моторно возило со бугарски регистарски ознаки, управувано од македонски државјанин, пријавени за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

 

Loading...

 

Непријавените делови, пронајдени во багажниот простор на возилото, се привремено задржани, а против возачот е отпочната соодветна постапка.