Златан Ибрахимович уште една година во Манчестер Јунајтед

loading...

Златан Ибрахимович ке добие нов едногодишен договор со екипата на Манчестер од како ке се врати од повредата.

По тешката повреда на Шведскиот напаѓач готово извесно беше дека екипата на Манчестер нема да ја продолжи соработката со Ибрахимович.

Златан се повреди во мечот со Андерлехт во рамките од Европа лигата во 91та минута, откако незгодно доскокна  во противничкиот шеснаестерец.
По ова повреда беше констатирано дека играчот нема да може да се врати на теренот најмалку до септрември но со новите информации Британските медиуми велат дека Ибрахимович би требало да биде спремен во октомври.

Манчестер Јунајтед е спремен да му понуди нов 1 годишен договор на Ибрахимович кој би останал до крајот на наредната сезона.

Златан беше поврзуван  со заминување во Америка односно во МЛС лигата, исто така и во Кина, како и враќање во Шведска односно во екипата на Малме.

Со екипата на Манчестер Ибрахимович освои 3 трофеи за една сезона односно Англискиот Лига куп, Лига Европа и Комјунити Шилд купот.

Само како потсетување Ибрахимович претходната сезона постигна 28 погодици во сите натпреварувања и беше најдобар стрелец во екипата на Манчестер.

Пишува: Бојан Михајловски


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments