ЖРК Куманово убедливо против Пелистер

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово остварија победа и во 16то коло од македонската Супер лига откако вчеравечер на домашен терен убедливо го совладаа составот на ЖРК Пелистер од Битола со резултат 42:16.

Уште на почетокот на средбата кумановки направија предност од 4 гола, кои до средината на првиот дел од средбата беа зголемени и на 10 голови предност односно резултат 12:2 за составот на тренерот Ивановски. Осумнаесете поени предност на кумановските ракометарки на полувремето значеа обезбедена победа во мечот, па вториот дел од средбата помина во опуштена атмосфера за домашниот тим.

Пробелемите во играта на гостинките од Битола, кумановки добро ги искорисија и во вториот дел од натпреварот кога ја зголемија и онака високата предност која ја имаа. Шест минути пред крајот на средбата ЖРК Куманово имаше водство од 26 голови, односно резултат 42:16.

Најдобри во составот на Куманово беа Бранкица Марковиќ и Александра Боризовска кои реализираа по седум погодоци, додека Стефанија Талевска со шест гола беше најуспешна во тимот на Пелистер.

ЖРК Куманово ја зацврсти третата позиција на табелата во домашната лига, а им дише во врат на ВАРДАР СПЦЈ и Металург како првопласирани.

 

Loading...