ЖРК Куманово убедливо против Гевгелија

loading...

Ракометарките на Куманово реализираа убедлива победа на домашен терен против составот на ЖРК Гевгелија во рамките на женската ракометна Супер лига, а резултатот 35:21 и четвртата победа од почетокот на сезоната ги доведе до посакуваното второ место во табелата.

Со извонредна серија од 7:0 избраничките на тренерот Антонио Ивановски го стартуваа мечот, а на полувреме заминаа со водство од десет гола, односно резултат 18:8, за да на крај впишат победа со неверојатни 14 голови разлика.

Со девет поени и личен рекорд за оваа сезона мечот заврши за Мила Трајковиќ, а веднаш зад неа, во составот на Куманово беа Викторија Пеовска и Александра Боризовска со по седум реализирани погодоци, додека веднаш зад нив со пет се наоѓа Кипријановска.

Во составот на Гевгелија најдобра со 15 погодоци беше Михаела Митревска.

Следниот меч, ракометарките на Куманово го играат на гостински терен против составот на ЖРК Овче Поле.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments