ЖРК Куманово со две нови ракометарки ќе атакува на второто место сезонава

Сподели со своите пријатели

Женскиот ракометен клуб од  Куманово работи со полна пареа, а амбициите се јасни, пласман на второто место веднаш зад вице-шампионот на Европа ЖРК Вардар.

Во преодниот период се засили со две млади ракометарки. Се работи за Наталија Пецанова (родена 2000 година) од Струмица која што е кадетска репрезентативка на Македонија, а игра на позицијата среден бек. Доаѓа од Металург Скопје.

 

Loading...

 

Второто засилување е Габриела Костадиновска (родена 1999 година) од Скопје, игра на позицијата кружен напаѓач, а доаѓа од младинската школа на Вардар.

Во најкраток можен рок се очекуваат уште две нови засилувања на голманската позиција.

Со ова се остваруваат најавите на управата на клубот за атак на второто место, а со поголема подршка од идниот градоначалник ќе се оствари и пласман следната година во ЕХФ купот.