ЖРК Куманово со 40ка го испрати Овче Поле

loading...

Женскиот ракометен тим од Куманово ја покажа својата доминација на домашен терен во последното коло од првата полусезона против тимот на Овче Поле од Свети Николе.

Домашните ракометарки влегоа со огромна мотивација на овој дуел, а во неколку наврати и буквално си поигруваа со противникот со неколку спектакуларни голови. Силното темпо кое што го наметнаа ракометарките од Куманово уште на стартот на натпреварот се покажа како клучно во победата бидејќи гостинките од Свети Николе не успеаја да се снајдат на теренот и попуштија во ритамот уште во првото полувреме кое што заврши со резултат 23:11.

Во второто полувреме само се зголемуваше предноста а сите ракометарки кои што беа во составот на домашниот тим добија шанса да заиграат и се покажаа во одлично издание. Натпреварот на крај заврши со резултат 40:20.

Во тимот на ЖРК Куманово најдобар играч беше Тамара Ивановска со одличната игра во одбраната и со 5 постигнати гола, а во Овче Поле Анчева Марија со 8 постигнати гола.

Сега со 27 бодови тимот на ЖРК Куманово се наоѓа на делба на третата и четвртата позиција со тимот на Металург. Прв е тимот на ЖРК Вардар, а на второто  место со 28 бода се наоѓа екипата на Пелистер од Битола.

Следува пауза и повторно продолжување на сезоната од крајот на февруари.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments