ЖРК Куманово рутински против Гевгелија

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово ја потврдија фаворитската улога на гостувањето во Гевгелија во мечот во кој шанса добија поголемиот дел од кумановки. Со резултат 23:19, избраничките на тренерот Ивановски имаа рутинска победа над гевгеличанки.

Домашните тргнаа со водство и имаа предност само уште при 2:1. Гостинките тука направија пресврт, а Гевгелија израмнуваше при 7:7 и 8:8, по што имаше ракометарките на Куманово имаа серија од 3:0 и предност од 12:9 на паузата.

Оваа разлика се чуваше и во второто полувреме и немаше поголеми проблеми да се издржи до крајот на мечот за да се освојат нови три бода.

Најефикасна на мечот од ростерот на ЖРК Куманово беше Трајковиќ со реализирани пет погодоци, а на табелата како поентери се запишаа вкупно 15 ракометарки.

Кај поразените, со 11 реализирани погодоци беше Митрова.

Моментално Женскиот ракометен клуб Куманово се наоѓа на четвртата позиција со 24 поени, додека со поен Повеќе е Пелистер на третата, со 27 втората позиција припадна на ЖРК Металург, а врвот без забележан пораз е вицешампионот на Европа, Вардар.

Следниот меч кумановки го играат на домашен терен против составот на ЖРК Овче Поле од Свети Николе.