ЖРК Куманово против ЖРК Металург во четвртфиналето на Купот во женска конкуренција

Сподели со своите пријатели

Денеска во просториите на РФМ се одржа извлекувањето на четвртфиналните групи од Купот на Македонија во женска конкуренција  и машка конкуренција. 

Во четвртфиналето од Купот на Македонија во женска конкуренција, извлечени беа четирите двојки. Според Пропозициите, еден натпревар ќе биде одигран, а победниците од четирите дуели ќе обезбедат пласман на Фајнл Фор турнирот. Четвртфиналните натпревари во Купот на Македонија во женска конкуренција ќе се играат на 19/20 април 2017 година.

1/4 финале Куп на Македонија (жени) – Еден натпревар
ЖРК Куманово – ЖРК Металург

ЖРК Гевгелија – ЖРК Овче Поле

ЖРК Вардар СЦЈС – ЖРК Вардар
ЖРК Прилеп – ЖРК Пелистер

Во нокаут натпревар нема лесен дуел, таков ќе биде и натпреварот со ЖРК Металург. Очекуваме борбен натпревар, мотивираност на нашите ракометарки на највисоко можно ниво, па со подобра игра во одбраната во однос на претходниот натпревар што го одигравме во првенството и до поволен резултат. Предност е тоа што единствениот натпревар го играме на домашен терен– велат челниците на клубот.

Четвртфиналните натпревари во Купот на Македонија во женска конкуренција ќе се играат на 19/20 април 2017 година.