ЖРК Куманово претрпе пораз од Вардар

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово вчеравечер на гостински терен забележаа пораз во рамките на 17. коло од Женската ракометна супер лига со резултат 53:25.

Кумановки беа свесни дека Вардар е апсолутен фаворит во мечот, но дадоа се од себе и покрај фактот што настапија без неколку повредени ракометарки кои се столбот на тимот.

Во првото полувреме избраничките на тренерот Јосимовски успешно уфрлија 13 голови во мрежата на Вардар, но тие вратија двојно, односно со 26 гола. Голманката на Куманово, Ивана Наумовска во 7. минута заработи црвен картон откако ја фаулираше Сара Ристовска во обид да спречи контра напад.

Вториот дел од средбата не донесе значителна промена во резултатот. Ракометарките на Куманово се трудеа да ја намалат негативата од 26: 13 на полувреме, меѓутоа вицешампионот на Европа тоа не го дозволи, па натпреварот заврши со резулатот 53:25.

Најуспешни со по четири реализирани погодоци во составот на тренерот Јосимовски беа Мила Трајковиќ, Габриела Костадиновска и Бојана Пецевска, додека во составот на домаќините со 15 погодци најдобра беше Александра Лакрабер.

За ЖРК Куманово ова е шести пораз, од досега одиграните 17 натпревари со што остануваат на втората позиција во табелата, токму зад Вардар чии ракометарки не бележат пораз од почетокот на сезоната.

Следниот натпревар ракометарките на Куманово го играат во петок на домашен терен против составот на Вардар Јуниор.

Leave a Reply