13.02.2018 08:45

ЖРК Куманово пресилно за Лесковац и Врање

loading...

Женскиот ракометен тим од Куманово за викендов одигра два пријателски натпревари  во Лесковац и Врање, каде забележаа две убедливи победи. Во саботата во СРЦ Дубочица во Лесковац кумановки одлично го прикажаа нашиот клуб, град и држава и го декласираа домашниот тим ЖРК Дубочица со резултат 34:21.

Домашниот тим успеа да се спротивстави само во првите осум минути кога резултатот изнесуваше 2:2, потоа на сцена стапи кумановската машинерија и на полувреме се замина со резултат 19:5 за гостинскиот тим.

Во второто полувреме шанса добија сите избранички на тренерот Јосимовски и без поголеми напори ЖРК Куманово успеа да ја сочува големата предност, за да на крајот забележат убедлива победа.

Во екипата на Куманово сите ракометарки се претставија во одлично издание, а во листата на стрелците се запишаа дури 14 ракометарки.

Во екипата на ЖРК Дубочица на голот блескаше Милошевиќ со 13 одбрани, а со ефикасноста се истакнаа Манојловиќ со 9 и Стаменковиќ со 6 голови.

Во неделниот натпревар Куманово се прикажа во уште подобро издание и славеше убедлива победа над Врање со 39-15( 22-5).

Екипата на ЖРК Куманово следниот викенд повторно е активна во Србија каде ќе зеде учество на силен турнир во Прокупље, а противници ќе им се екипите на ЖРК Топличанин  и ЖРК Житораѓа.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments