ЖРК Куманово пресилен за ЖРК Вардар, Трајковиќ незапирлива

Сподели со своите пријатели

Кадетките на женскиот ракометен тим од Куманово продолжуваат со натпреварите во оваа натпреварувачка сезона. Кумановки на домашен терен ја надиграа екипата на ЖРК Вардар СЦЈС (генерација 2000 година), која што беше рамноправен противник само во првото полувреме (12:11)

И покрај грубата игра на гостинскиот тим особено во второто полувреме, мотивот кај нашиот тим да се победи беше на високо ниво, а тоа го докажува и голот на Мила Трајковиќ во последната секунда од натпреварот. Крајниот резултат беше 26:20 за домашниот тим.

Во кадетскиот тим на ЖРК Куманово најефикасна беше Трајковиќ со 10 гола, а голем придонес даде и Јована Кипријановска со 5 гола , потоа Тамара Ивановска со 5 гола, Сара Цветановска 4 гола, и по еден гол постигнаа Мила Стошиќ и Јована Антевска.

Во првиот натпревар од оваа сезона на домашен терен го совладавме тимот на ЖРК Прилеп. Се работи за одлична екипа која што лесно казнува. Ќе мораме да дадеме повеќе од 100% и да се спротивставиме со цврста зона, без многу технички грешки. Оптимисти сме и се надеваме на нова победа во домашното првенство – велат од стручниот штаб на ЖРК Куманово.

Сениорскиот тим во недела гостува на жешкиот терен во Прилеп каде што се очекува враќање на победничкиот менталитет на нашиот тим.