ЖРК Куманово го пречекува вице-првакот на Европа

Сподели со своите пријатели

По победата во дербито против екипата на Металург, женскиот ракометен тим од Куманово продолжува со натпреварите во оваа сезона. Противник им е актуелниот вицепрвак на Европа, ЖРК Вардар.

Љубителите на женскиот ракомет ќе имаат несекојдневна можност да проследат натпревар помеѓу ЖРК Куманово и главниот фаворит за освојување на лигата на шампиони во Европа.

Со оглед на разликата во квалитетот противникот е апсолутен фаворит во наптреварот, но кумановки нема лесно да се предадат и ќе се обидат да се прикажат во што посветло издание на овој натпревар.

На овие натпревари не се дозволени грешки. Нашата одбрана мора да биде добра. Вардар има извонреден напад и само со добра поставеност во одбраната можеме да се надеваме на што подобар резултат. Ќе се обидеме да го дадеме максимумот и во што посветло издание да го претставиме нашиот клуб – изјави ракометарката на ЖРК Куманово Габриела Костадиновска.

Натпреварот се игра во салата на ООУ „Христијан Карпош“ утре (05.12.2017 година) со почеток од 19:45 часот.