ЖРК Куманово го пречекува составот на Гевгелија

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово вечерва со почеток во 18:30 часот во Спортската сала на ООУ „Христијан Карпош“ во населбата Перо Чичо го пречекуваат составот на ЖРК Гевгелија во рамките на женската ракометна супер лига на Македонија.

Кумановки досега имаат три победи и два порази од петте одиграни натпревари од почетокот на сезоната и се на четвртата позиција, со ист број на бодови како и треторангираниот Металург.