ЖРК Куманово го победи ЖРК Прилеп, Пеовска брилијантна

Сподели со своите пријатели

Екипата на ЖРК Куманово на домашен терен ја оствари премиерната победа во рамките на новатата сезона од женската супер лига.

На дуелот куманочанки беа фаворити, но во  првите триесетина минути мораа малку да се помачат за да воспостават некоја рамнотежа. На средината на првото полувреме прилепчанки имаа предност од четири голови, но нашите ракометарки успеаа да воспостават рамнотежа на резултатот и на полувреме се замина со резултат од 14:14.

Второто полувреме и припадна на домашната екипа која што веднаш на стартот успеа да направи четири гола разлика и до крајот успеа да ја одржи таа предност. Натпреварот заврши со резултат 29:23.

Најдобра ракометарка на ЖРК Куманово повторно беше Викторија Пеовска, и на овој натпревар со дадени 10 гола. Голем придонес во тимот на домаќините дадоа и останатите ракометарки: Мила 5 гола, Александра 5 гола, Моника 4 гола, Маја 2 гола.

Инаку ЖРК Куманово на овој натпревар настапуваше без првиот голман од минатата сезона Бисера која што направи трансфер во хрватскиот клуб Арена Пула од Хрватска. Во тек се преговори за доведување на нов голман, а во меѓувреме брани ракометарка од младинскиот погон.

Следниот натпревар го игра на гостински терен против екипата на ЖРК Пелистер од Битола.