ЖРК Куманово апсолутен фаворит против битолчанки

Сподели со своите пријатели

Женскиот ракометен тим од Куманово денеска го игра последниот натпревар во  плеј оф делот во оваа натпреварувачка сезона. Кумановки на домашен терен ја пречекуваат екипата на ЖРК Пелистер. Во претходниот натпревар остварија победа на гостински терен со резултат 18:23.

Кумановски се апсолутен фаворит на овој натпревар и се очекува со оваа денешна победа да се потврди пласманот во ЕХФ челинџ купот, со што екипата на ЖРК Куманово ќе оствари историски успех.

Во тимот на ЖРК Куманово во екипата преовладува огромна мотивираност за овој натпревар а тоа го докажува и потегот на капитенот Викторија Пеовска која што иако повредена ќе се обиде да помогне на овој натпревар.

Добро ја познаваме екипата на ЖРК Пелистер. Немаме доволен број на квалитетни ракометарки, ќе ги одиграме првите 20-30 минути квалитетно и потоа натпреварите одат во надолна линија за нас. Тоа се покажа и на претходниот натпревар со ЖРК Вардар Јуниор каде што првото полувреме го одигравме изворедно , а во второто полувреме не успеавме гол да дадеме во првите петнаесет минути. Очекувам интересен натпревар во кој што ние ќе издвојуваме победа и ќе го потврдиме излезот на европска сцена , односно пласман во ЕХФ челинџ купот во сезоната 2016/17 – изјави ракометарката на ЖРК КУМАНОВО Анамарија Поповска

Тимот на ЖРК Куманово ги поканува сите љубители на женскиот ракомет да дојдат во што помасовен број во петок (27.05.2016)  да го проследат натпреварот против тимот на ЖРК Пелистер од Битола во спортската сала на  ОУ Христијан Карпош од 18:30.