Жителка на Опае се здобила со тешки повреди откако ја претепал сопругот

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Р.А. (43) од с.Опае, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ при семејно насилство.

Како што информираат од Министерсвтото за внатрешнир аботи, на 30.03.2017 година, во семејната куќа, пријавениот започнал вербална расправија со неговата сопруга А.А. (37), по што физички ја нападнал удирајќи ја со тупаници во пределот на главата и телото и притоа и нанел тешка телесна повреда.