Жител на Прешево приведен на Табановце

Сподели со своите пријатели

Вчера во 15,50 часот на ГП Табановце, на излез од Република Македонија , при пасошка контрола на Ќ.З. (34) од Прешево–Република Србија било констатирано дека истиот е предмет на потрага по телеграма од СВР-Куманово поради основно сомнение дека е сторител на кривично дело „телесна повреда“ по член 130 ст.2 од Казнениот закон на Република Македонија.

Како што стои во извештајот на Министерството за внатрешни работи, истиот бил приведен и во 17,05 часот со потврда за предавање на лице бил предаден на УПС од СВР-Куманово, за понатамошна постапка.