Жител на Младо Нагоричане заработи кривична пријава по тепачка во бањата Стрновац

loading...

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.П. (36) од селото Младо Нагоричане, општина Старо Нагоричане, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,насилство”, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Пријавениот на 02.05.2017 година околу 03.00 часот во бања Стрновац во Старо Нагоричане, без повод, вербално се расправал со А.М. од село Грушино на кој му упатил вулгарни зборови, а во еден момент и физички го нападнал, удирајќи го со тупаници повеќе пати во пределот на главата, нанесувајќи му телесна повреда на носот.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments