Жител на Матејче спречувал полицајци при обид на приведување

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.М. (30) од село Никуштак, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “спречување службено лице во вршење службено дејствие“ по чл.382 ст.3 в.в. ст.1 од КЗ на Република Македонија.

На 24.09.2017 год во 22,00 часот при рутинска контрола во с.Никуштак над возило “Голф-3“, управувано од Л.М. (43) од с.Матејче, во возилото на совозачко седиште бил затекнат М.О. (34) од с.Матејче осуден со пресуда од Основен Суд-Куманово по чл 386 ст1 од КЗ.

При приведувањето на М.О. пријавениот ги спречувал полициските службеници, односно го турнал полицискиот службеник кој му ставал лисици за врзување на М.О. и во повеќе наврати не давал да се изврши приведување на М.О.