Жител на Кочани две години силувал 19-годишна девојка

Сподели со своите пријатели

Полицијата во Кочани поднесе кривична пријава против Д.М. (25) од селот Ракитец – Општина Конче поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување“, информираат од Министерсвото за внатрешни работи.

Пријавениот во периодот од ноември 2014 година до октомври 2016 година во повеќе наврати извршил силување и други полови дејствија над 19 годишна жителка на кочанско село. Откако оштетената ја прекинала љубовната врска со пријавениот, истиот ја натерал да му испрати на „Фејсбук“ неколку слики со експлицитна содржина, а по добивање на истите, пријавениот во повеќе наврати ја уценувал и и се заканувал дека ќе ги објави сликите на нејзини блиски роднини и пријатели, со што ја присилувал на обљуба и други полови дејства.