Жените сакаат помлади мажи

Сподели со своите пријатели

Дури 34% од жените помеѓу 40 и 69 години, биле во врска со 10 и повеќе години помлад маж. Што ако и вие некогаш се најдете во таква ситуација?

Водете грижа за својот изглед, но немојте да претерувате во тоа. Тој е со вас затоа што му се допаѓате. Не се трудете да изгледате помлади отколку што сте.

Не го опседнувајте со прашања од типот “Ме сакаш?“ или “Колку ме сакаш?“ затоа што такви прашања поставуваат тинејџерките, а не жената во која се заљубил тој.

Опуштете се и уживајте во својата среќа. Слободно планирајте ја иднината, но не се оптеретувајте со прашањето “Што ќе биде со нашата врска?“

Не морате се да правите заедно. Навистина, заедно е полесно да се ослободите од предрасудите, но на секого му е потребен малку слободен простор.

Ова правило важи за секоја врска, но може да биде пресудно за онаа помеѓу постара жена и помлад маж. Немојте да бидете љубоморни. Не можете да го контролирате секој негов чекор

Илузорно е од човек помлад од вас 10-15 години да очекувате силна личност на која може да се ослоните, исто како што тој од вас не може да очекува да лумпувате три ноќи по ред.

Чувајте се од стереотипи. Кој вели дека во дискотеки излегуваат само 20-годишни? Доза флексибилност и радозналост користи на секоја врска па и на вашата.