Жените гледаат порно на смартфоните повеќе од мажите

Сподели со своите пријатели

Жените има значително поголема веројатност да гледаат онлајн порно на смартфонот, во споредба со мажите.

Во свое истражување порносајт утврдил дека 71% од корисничките го посетуваат преку смартфонот, додека кај посилниот пол процентите се 69. Истражувачите откриле дека 26% од посетителите им се жени.

Студијата се фокусира на различни уреди кои жените ги користат за да гледаат порнофилмови, па ги споредуваат со оние кај мажите.

Употребата на мобилни уреди за слични цели значително се зголемила во последните неколку години – околу 73% од сообраќајот на порносајтовите глобално доаѓа од паметни телефони и таблети.

И и покрај популарноста на методот меѓу претставниците на двата пола расте, жените користат мобилни уреди многу подолго. 71% од жените гледаат непристојни клипови во смартфонот, 8% користат таблет и 21% од жените гледаат слични клипови на компјутерот.

Предвид се зема и возраста на корисниците, па од анализата станува јасно дека речиси 78% од луѓето на возраст меѓу 18 и 34 години, гледаат на својот смартфон.

Возраста на посетителите од десктоп компјутери и таблети е поголема, а помалку од 50% од жените кои користат паметни телефони, се над 55 години. Овие податоци се слични и кај мажите, односно смартфоните уживаат поголема популарност меѓу помладите посетители.

Околу 49% од жените кои се над 65-годишна возраст, преферираат да користат десктоп компјутер, 36% – паметен телефон и 15% – таблет, се наведува уште во Daily Mail.

lokalno.mk