Зголемен криминалот во Куманово на сите основи

Сподели со своите пријатели

Криминалните дејствија во првото полугоедие од 2016 година бележат значително зголемување во Општина Куманово во споредба со изминатата, информираше денеска командирот на СВР КУманово, Игор Митевски.

За 4,3% е зголемен криминалот споредбено со првото полугоедие од минатата година. Регистрирани 708 кривични дела, за разлика од минатата година кога имало 679 кривични дека или зголемување од 11%.

Економскиот криминал исто така бележи пораст и тоа од 1,4%. Ако во првите шест месеци од 2015 имало регистрирано 36 случаи на економски криминал, годинава се регистрирани вкупно 87. Најчесто истите се однесуваат на бесправно градење или злоупотреба на службената положба и овластувања.

Нарушувањето на јавниот ред и мир исто така бележи пораст и тоа за високи 10%, при што најчесто биле регистрирани физички напади и тепачки.

Што се однесува пак до сообраќајните несреќи зголемувањето изнесува рекордни 21,1% и истите се случуваат најчесто од четири главни причини: непочитување на првенство на минување, неодржување страна и парвец на движење, брзо возење и возење во алкохолизирана состојба.