Земјотрес вечерва го стресе Охрид

Сподели со своите пријатели

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Охрид и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва на 16.1.2018 година во 21 часот и 22 минути регистрирше земјотрес кој потекнува од охридското епицентрално подрачје.

 

Loading...

 

Како што информираат од сеизмолозите при ПМФ, епицентарот на земјотресот беше на само неколку километри од Охрид во околината на селото Лескоец. Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 2.1 а беше почувствуван од населението во Охрид и неговата непосредна околина со интензитет III степени според Европската макросеизмичка скала.