Земјотрес утринава почувствуван во Источна Македонија

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со интензитет од 3-4 степени според Европската макро-сеизмичка скала од 1998 утринава во 4:36 часот бил регистриран од страна на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Земјотресот бил регистриран 120 километри источно од главниот град, а според информациите од сеизмолозите истиот бил почувствуван во Источна Македонија.