Земјотрес ноќва го тресеше охридско

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 2.8 степени според Рихтер во 01:02 по полноќ го стресе охридскиот регион, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно математичкиот факултет.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, на 26.6.2017 год., регистрира земјотрес чиj епицентaр потекнува од охридското епицентрално подрачје – стои во известувањето од ПМФ.

Земјотресот бил почувствуван во Охрид, Струга и Ресен со интензитет од III-IV степени според Европската Макросеизмичка Скала.