12.01.2018 03:57

Земјата која го снабдува со хероин целиот свет, сега произведува најскап зачин во светот (фото+видео)

loading...

Авганистан произведува 90 отсто од сите опијатски дроги во светот, а последните неколку години населението сеориентирало кон производство на најскапиот зачин во светот – шафран.

Овој зачин чини 10.000 долари по килограм или 10 долари по грам.

Шафран е најспакиот зачин во светот, но ветува дека ќе биде заносна земјоделска култура за илјадници Авганистанци. Владата во Кабул ја поддржува инустријата за шафран, нудејќи потикнување особено за жените и земјоделците кои сакаат да престанат со одгледување на опиумскиот мак.

Нова дрога коси низ светот: 100 пати посилна од хероинот

Министерството за земјоделство во Авганистан наведува дека околу 18.000 Авганистанци одгледуваат шафран, а околу 80 отсто се жени. Климата во оваа земја ги исполнува сите услови за одгледување на шафран.

Иако одгледување мак од кој се добива опиум е заносен бизнис, поради проблеи со властите многумина преминале на одгледување шафран. Често се зборува дека шафранот се плаќа по иста тежина во злато, затоа што е многу тешко да се одгледа и собере.

 

 

Опиум

Иако Авганистан произведува 90 отсто од опијатите во светот, исто така неговото население е најголем конзумент на истите. Повеќе од милион од вкупно 35 милиони Авганистанци се зависни од наркотици, што всушност е најголемата стапка на зависници по глава на жител во светот.

Одгледување на опиум во Авганистан достигна ракорд на сите времиња во 2013 година, иако во САД беа потрошени повеќе од седум милијарди долари во борбата против производство на опиум во изминатата деценија.

Опиумот се кориси за добивање хероин и е еден од неговите главни состојки.

 

 

Поголемиот дел од засеаните површини се на југот и југозападот од земјата, каде талибанските бунтовници се најактивни и каде владините сили имаат многу мало влијание. Сепак, запдните експерти сметаат дека од продажбата на мак обично се финансираат локални моќници и криминални кланови во Авганистан, а во помала мера талибаните. Затоа на авгаистанската влада и е тешко да се вопостави контрола во областите во кои земјоделството се заснова на продажба опиум на црниот пазар, и покрај малите, но ефикасни сили за борба против наркотици.

Авганистанската полиција нема начин да се носи со производството и продажбата на опиум и хероин на улиците на градовите, а наркоманијата зема замав во толкав размер што луѓето се дрогираат на улицит еи лежат стондирани по аглите од јавните површини и тротоари.

Колку време дрогата се задржува во крвта, уринот и косата?

Растението Шафран

Шафран името го добил од зборот за’фаран, што во превод значи „биди жолт“.

Денеска најмногу се одгледува во Иран. Околу Медитеранот, а го има и во Франција, Шпанија, Мароко, Турција, Италија и Грција.

 

 

Иако шафранот е еден од основните состојки во индиската, мароканската и персиската кујна, може да се пронајде и во рецептите на шпанската и француската.

Шафранот е растение кое отсекогаш има неодолива и магична моќ, растение во кое се капела и Клеопатра за да ги сочува своите магии, а Александар Велики со него ги лечел своите рани.

 

 

Лековити својства

Шафранот со векови се употребува како лек против заболување на бубрезите, пореметување во работата на срцето, кое е во вид на прескокнувања и аритмија, а го подобрува апетитот и регулира варењето. Ги ублажува грчевите, а може да се користи и како диуретик.

Со инхалација на водена пареа со екстракт од шафран се постигнува ефикасна терапија против главоболка, мигрена и вртоглавица. Од друга страна, големото присуство на рибофлавин, односно витамин Б2, овозможува создавање црвени крвни зрнца, додека за состојната кроцетин е докажано дека го намалува холестеролот и штетните масти во организмот.

 

 

Во народната медицина шафранот се препорачува и кај атеросклероза, а го намалува ризикот и за настанување срцев удар. Мирисот на шафран има благо седативно средство кое доведува до смирување на неспокојните, го елиминира стресот, меланхолијата и депресијата. Меѓутоа, во силни дози доведува до состојба на опиеност. Исто така, шафранот се користи и за лекување на акни, брадавици, екцеми и други кожни проблеми.

Зачин

Зачинот шафран е познат од одамна. Се корител во Месопотамија пред 5.000 години, а се споменува и во Библијата.

Зачинот се прави од прашник и толчник кои се со портокалова боја. За килограм од овој зачин потребно е да се наберат 150.000 цветови, па затоа тоа е најскапиот зачин во светот. Неговото време на цутење е септември и откомври, или февруари и март. За берба важно е сите цветови да бидат целосно отворени.

Берењето бара спретност и знаење, затоа што е неопходно од цветот истовремето да се кубе главата со толчникот, а потоа внимателно да се поредат на фино сито и да се исушат над зажарен дрвен јаглен или топол пепел.

 

 

Вкус

Шафранот има интензивен ароматичен вкус, пикантен и помалку горчив, но и вкус на земја кој долго се задржува. Вкуност истовремено му е и цветен, помалку лут и сличен на мед, но и јод.

Дури по неколку месеци од складирањето тој испушта комплексен спектар ароми. Поседува различни интересни состојки, меѓу кои најважно е етеричното масло – шафранал.

Во јадењата шафранот се препознава по пријатно горчлив вкус, интензивна арома, но пред се по златната обоеност на јадењето, поради големото присуство на каротиноиди.

Истражувањата покажале дека, без оглед на лековитоста, доколку со него несовесно се ракува или се зема во прекумерни количини, може да дојде до загрозување на здравјето.

Дневната количина која бе зразлика смее да се внесе во организмот е два до три грама. Се над пет грама предизвикува тегоби како чувство на мачнина, повраќање, се до сериозни компликации врз здравјето.

Имајќи го сето тоа предвид, фитотерапевтите од употребата го исклучиле шафранот во лекувањето на децата и старите лица.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments