ЗЕЛС ќе избира ново раководство

Сподели со своите пријатели

Конститутивната седница на Генералното собрание на Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија–ЗЕЛС ќе се одржи на 29 ноември 2017 година во хотелот „Александар Палас“, со почеток во 12 часот.

Генералното собрание е највисокото тело на Заедницата и избира членови на Управниот одбор, кој ќе одржи кратка седница на која ќе избере претседател на Управниот одбор, кој воедно е и претседател на ЗЕЛС.

Генералното собрание на ЗЕЛС го сочинуваат вкупно 90 делегати, а секој делегат има право на еден глас. Градоначалниците по функција се делегати на Генералното собрание, а претседателите на општинските совети се нивни заменици. Делегати на Генерално собрание се и девет членови од редот на членовите на Комитетот на советите.

Во случај на спреченост на делегатот, односно заменикот на делегатот да присуствува на седницата на Генералното собрание, делегатот може да овласти член на Советот на општината да го менува на седницата, со сите права и обврски на делегат. Ова овластување се потврдува во писмена форма.

Досега функцијата претседател на Управниот одбор на ЗЕЛС ја извршуваше Коце Трајановски, а потпретседатели беа Зоран Дамјановски и Невзат Бејта.

Извор: МИА

Loading...