Зеленски: Време е сојузниците да ѝ го дадат на Украина потребното оружје

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека е време сојузниците да ѝ го обезбедат сето неопходно оружје на Украина за да ја истиснат Русија од земјата.

Loading...

„Ако ме прашате дали е дојдено времето нашите партнери да ни го дадат сето оружје потребно за протерување на Русија, тогаш велам дека е дојдено време“, рече Зеленски за време на Конференцијата за закрепнување на Украина, која се одржува во Берлин, пренесува Киев Индипендент, пренесува Танјуг.

Во вторникот во Берлин започна дводневна конференција за собирање поддршка за закрепнување на Украина од уништувањето на војната со Русија.

Зборувајќи на заедничката прес-конференција со германскиот канцелар Олаф Шолц, Зеленски се заблагодари на Германија за поддршката што ја добива од таа земја, имајќи предвид дека Германија е вториот најголем воен донатор на Украина по САД.

До крајот на јуни почеток на преговорите за влез во ЕУ

Кога станува збор за членството на Украина во ЕУ, Зеленски рече дека земјата ги завршила сите неопходни чекори за почеток на пристапните преговори.

Украина доби статус на кандидат за членство во ЕУ во јуни 2022 година.

Во ноември 2023 година, Европската комисија препорача пристапни преговори со Киев, а еден месец подоцна Европскиот совет го поддржа започнувањето на преговорите.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека преговорите треба да започнат до крајот на јуни.

Loading...

За тој чекор е потребна едногласна согласност од сите членки, а Унгарија наводно го попречува консензусот.