Зборувавме со бивш зависник од Куманово кој најде спас во “Нарконон Програма”

Сподели со своите пријатели

Деновиве имавме чест да разговараме со една млада личност која целосно го промени начинот на живот, ослободувајќи се од канџите на дрога.

Станува збор за млад човек со многу подеми и падови  во текот на неколку години, но сега стабилна личност која го живее животот со сите благодети.

Како повеќето млад луѓе, и тој сакал да проба нешто ‘’ново‘‘, но тоа ‘’ново‘‘ го донело до ивица на немоќно живеење.

Неговиот излез го пронашол на едно прекрасно место поточно с.Конопиште  – кавадаречко, во подножјето на Кожув планина каде е сместен Центарот за рехабилитација од зависности “Нарконон Балкан” каде се работи со поранешни зависници од дрога со помош на “Нарконон Програма” позната и призната во светски размери.

Навраќајќи се на почетоците Иван ја раскажува својата животна приказна.

Како и кога почна за прв пат да користиш наркотици?

Почнав од рана возраст, кога имав 13 години. Прво стапив во ‘контакт‘ со марихуаната.

Бев во таква околина, гледав доста други луѓе кои користеа марихуана и ми беше интересно. Ги гледав како се забавуваат, сакав да пробам и јас.

Почнав само “трева” околу 3 до 4 години , и го правев тоа секојдневно, но престанав да правам многу работи кои беа дел од мојот живот. Го запоставив училиштето, почнав да губам добар дел од другари и  пријатели кои беа против дрогите. Ја изгубив довербата од моите, а и правев голема финансиска штета на себе и на моите родители.

Дали сметаш дека ‘‘примерите‘‘ во твојата околина се единствената причина да почнеш со употреба на наркотици, или постоело и нешто друго што те натера на тој чин?

Не, не се тие единствената причина. Постојат многу други нешта кои ме поттикнале да посегнам по дрогите, но не знајќи точно кој е мојот проблем и со што треба да соочам и да решам во мојот живот, посегнав по дрогите за да си го намалам товарот кој го носев. Кога земав дроги, јас воопшто не се замарав што се случува околу мене или во мојот живот. Сите проблеми ‘‘исчезнуваа’’ додека траеше дејството. Бев целосно  надвор од вистинската реалност што ме опкружува.

Постојат разни причини зошто некој посегнува по дроги, т.е некој тоа го прави од неинформираност за последиците од дроги, некој од разни проблеми во животот, и во дрогата наоѓаат некоја си утеха, неуспех во нешто, одредена загуба во животот.

Тоа е индивидуално, но последиците се многу лоши и скоро за сите корисници се исти. Крадење, лажење, големи финансиски штети, промени во функционирање на телото, недоверба, изгубен углед од страна на општеството и најлошото, изгубен  и грд живот.

Дали освен марихуана имаш користено други дроги?

Да, приказната никогаш не завршува со марихуана. После неа почнува вистинското патешествие. По одреден период кога веќе телото се  навикнува на отровите од марихуаната, ви бара нешто посилно со цел да си ги задоволи своите потреби.

Сум користел разни дроги, а најлошата епизода од мојот живот почна кога почнав да користам хероин. На почеток, како и кај секој еден зависник, чувството беше убаво но после одреден период на користење, дојдов  до степен во кој  дрогата почна да има контрола врз моето тело и мојот живот.

Еден обичен ден ми беше исполнет само со размисли за дроги, за луѓе кои користат дроги, муабети како да се дојде до пари за да се обезбеди дрога за наредниот ден итн.

Ја изгубив целосно  довербата  од секој еден кој беше дел од мојот живот и секој еден кој ме познаваше од претходно. Повеќе не ме гледаа како личност во која има иднина туку како личност која во секој момент може да направи одредена глупост или некоја си штета, и бегаа од мене. Јас лично немав повеќе емоции спрема никого, немав чувство на срам за ништо, бев затворен во свој свет  во кој што не гледав излез.

Како реагираа твоите родители кога  дознаа за твојот проблем со дрогите?

Гледаа промени кај мене но родител како родител, тешко му е да поверува дека токму неговото дете има проблем со дроги, а секогаш и последни дознаваат. Не им беше верно, но сепак тие беа првите кои ми понудија помош и направија СЕ за да успеаат во тоа. Под СЕ мислам на тоа како ме чуваа дома, ме носеа по разни болници, лекари, психијатри кои ми даваа разни лекарства (замена за уличните дроги) кои јас ги купував илегално кога немав пари за дрога бидејќи се поефтини,  но разликата беше што тие ми ги даваа легално, но за жал сето тоа беше неуспешно, и јас пак се враќав на дрогите.

Како успеа да ја победиш зависноста?

После сите нешта кои ги пробав и беа неуспешни, мајка ми преку нејзина пријателка дозна за Центарот за рехабилитација од зависности  Нарконон Балкан. Во тој момент имав огромна волја да променам нешто кон подобро во мојот живот, сакав вистинска промена, сакав нормален живот. Сакав да престанам со користење на дрогите.

Се јавив, закажав термин кога можам да отидам во центарот и да направам интервју. Отидов и го направив влезното интервјуто  од кое дознав дека можат да ми помогнат и ја почнав Нарконон Програмата која успешно ја завршив, и повеќе од шест години како не користам било какви апчиња или дроги. Во моментов болонтирам во центарот и им помагам на секој еден кој има проблем со зависноста.

Дали може да ни кажеш нешто повеќе за Нарконон програмата?

Да, секако!

Нарконон програмата е лиценцирана програма која постои повеќе од 40 години во светот, и е Безнаркотична  Програма (за време на која не се употребуваат никакви дроги или замена за дроги) која досега има најдобри видливи резултати во целосно спасени животи. Нарконон Програмата е заснована на практично вежби, а во Програма за детоксификација (како дел од Нарконон Програмата) се користат витамини и минерали,  и е еден од главните чекори за едно лице да го реши проблемот со дроги на начин што наталожените остатоци од дрогите се исфрлаат преку потење во сауната.

Нарконон Програмата не се раскажува како лекција од училиште, а на официјалниот вебсајт може да ги дознаеете постапките и редоследот од што се состои.

Јас  можам лично да кажам за мене со каква корист сум се здобил со правењето на Нарконон Програмата. Бев многу повечен во себе и после практичните вежби за комуникација  почнав да комуницирам повеќе со луѓето стекнувајќи се со вештина да можам целосно да го задржам вниманието кога разговарам со друг човек.

После програмата за детоксификација  во сауна ми се  поврати сонот, меморијата, апетитот, имав многу повеќе физичка енергија, ми се вратија чувствата и емоциите. Тоа беше едно прекрасно доживување.

Без користење на дроги станав  посвесен за себеси и за сè она околу мене, мојата одговорност се зголеми до едно ниво кое што никогаш претходно и не било. Си ги подобрив моите лични состојби, почнав јас да го контролирам мојот живот и да носам вистински одлуки кои се здраворазумни. Сега имам цели  во животот и ги остварувам. Животот повторно ми доби смисла.

Твој совет до оној што користи дроги и сака да промени нешто во животот кон подобро?

Секој зависник свесно или не, посакува во одреден момент да престане со дрогите. Го охрабрувам секој еден да побара помош доколку сака да престане да користи дроги.

Никој не умрел од кризи, односно, напротив, наркозависниците за жал умираат од континуирано користење на дроги, алкохол и лекарства. Количината на отровот што ги содржат овие супстанции се тие кои го уништуваат телото и ти го прават животот пекол.

Доколку на некој му е потребна помош и сака да престане да користи дроги и алкохол,  може слободно да ми се јави.

Ние сме тим, имаме исправен метод, а тоа е Нарконон Програма.

Иван ве поздравува и ве охрабрува да се јавите на 075- 46 94 46 , или да напишете мејл на [email protected] и во целосна дискреција да започнете нов живот.

Живот без дрога и агонија.