Завршна манифестација од проектот за интегрирано образование во кумановските училишта

loading...

Со промоција на стрип приказната „Да се запознаеме“ денеска ученици од кумановските основни училишта „Вук Караџиќ“ и „Наим Фрашери“ ја одржаа завршната манифестација од проектот „Поддршка на процесот на интегрирано образование во училиштата“, а воедно беше отворен и мурал на ѕидот на спортската сала под мотото „Различни, но со иста цел“.

Проектот има за цел да ги зближи учениците и наставниците од различни етнички заедници, а е во имплементација на Мировна акција и Центарот за мировни студии Заграб со финансиска поддршка на Европската унија.

Со свој говор пред присутните во име на Делегацијата на ЕУ се обрати и евроамбасадорот Самуел Жбогар кој истакна дека обуката која се спроведува има клчна улога во општествениот и економскиот развој на заедницата.

Ова претставува одличен пример, како можат луѓето од образование и учениците на забавен начин да научат,да создадат уметничко дело за подобро да се разберат меѓу нив -рече Жбогар.

Проектот треба да ги зајакните меѓуетничките интеграции во основните училишта со заеднички наставни или воннаставни активности.

Сметаме дека тој процес мора да биде зајакнат и е еден вид намалување на проблемите кои што ги иамме заради реално  речено скоро потполната сегрегација во училиштата, да се најде начин наставниците а преку нив и децата да имаат поголеми можности за меѓусебна комуникација , заедничка работа дали на проекти или наставни или воннаставни активности,  Изјави Горан Талевски,здружение „Мировна акција“.

Европската унија најавува дека ќе продолжи и натаму да ги финансира активностите кои подржуваат инклузивно и интегрирано учење.


Последни наслови

Facebook Comments